Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска од Парламентот во Лондон побара од лидерите во Северна Ирска да ги смират тензиите и да ги отстранат „бариерите на сегрегација“, јави ДПА.
Тој истакна дека лидерите во Северна Ирска треба да се ангажираат на „изградба на заедничката иднина… каде треба да се урнат бариерите, бариерите на сегрегација, кои опстојуваат многу години“.
Претходно, Камерон го осуди насилството за време на протестите во Белфаст поради одлуката донесена на 3 декември, британското знаме да се вее на општинската зграда само 19 денови годишно. Во шесттедневни протести повеќе од сто демонстранти се уапсени, приближно 70 полицајци се повредени. Штетата приченета за време на протести се проценува на седум милиони фунти.
Британското знаме денеска првпат, по донесената одлука, беше поставено над општинската зграда во Белфаст по повод 31 роднеден на Кејт, војводтката од Кембриџ, сопруга на принцот Вилијам.