Собрани 130 илјади денари од хуманитарната акција за помош на Гешовски

Од:

На дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кое имаше хуманитарниот карактер се собрани 130.000 денари кои во најскоро можно време ќе бидат уплатени на сметка за помош на поранешниот кошаркар на двата клуба Стеван Гешовски.

Тимот од Аеродром кој пред пет дена беше домаќин на овој дуел, соопшти дека од продадените 1.205 билети за пресметката помеѓу најголемите ривали во македонската кошарка беа инкасирани 120.500 денари додека од кутиите за донирање кои беа поставени на неколку локации во салата „Јане Сандански“ дополнително беа собрани уште 9.000 денари.

Парите наскоро ќе бидат префрлени на сметка на легендатата на македонската кошарка и поранешен репрезентативец на некогашна СФРЈ, кој пред две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица на тоа, Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите, за што како најадекватна метода за лекување е терапијата со матични клетки во Русија.

Лекарите веруваат дека со помош на оваа терапија би ги вратиле моторните функции на екстремитетите и на неговиот говор и дека би бил ослободен од константните болки. Терапијата со матични клетки во Москва чини 17.000 евра.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ