Kаратистот Неделковски на прием во општина Ѓорче Петров

Од:

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска оствари средба со младиот каратист Александар Неделковски кој на Балканското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори, одржано во Херцег Нови, Црна Гора, освои сребрен медал.

– Конкуренцијата беше навистина многу силна. Но, за овој турнир сериозно се подготвував подолго време и воопшто не се сомневав дека моите шанси се добри за освојување медал. Се покажа дека со напорна работа и редовни тренинзи може да се освои и нешто повеќе од очекуваното. Во мојата категорија имаше многу добри каратисти, но сепак јас во моето Ѓорче донесов сребрен медал на кој сум посебно горд, изјави Неделковски.

Младиот каратист кој е член на карате клубот Металург, минатата година во Трбовље освои два златни медала во категоријата на натпреварувачи до 14 години.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје