Во основниот суд Скопје 2, за денеска е закажано ново судско рочиште на кое треба да се расправа за надомест на материјална и нематеријална штета од милион евра, колку што побарува семејствтво на загинат во скопското село Љуботен во 2001 година. Предметот е проширен и за пратеникот Јохан Тарчуловски кој е во притвор. Според поднесокот, станува збор за убиениот Рами Јусуфов, син на тужителите Елмаз и Зенеп Јусуфови, сопруг и татко на 4 деца. На претходното рочиште, Тарчуловски не се појави во судот.
Тужителите со посебен поднесок побараа тужбата која е веќе адресирана до МВР да биде проширена и за Тарчуловски, зашто со пресуда на Судот во Хаг, тој беше осуден за воени злосторства врз цивилно население.
Тарчуловски во затворот во Шевенинген беше спроведен на 16 март 2005 година по барање на Хашкиот трибунал. Судот во 2008 година го ослободи екс-министерот Љубе Бошкоски од обвиненијата за извршени злосторства во скопското село Љуботен, но затоа, пак, Јохан Тарчуловски беше осуден на казна затвор во траење од 12 години.