Јордан ќе преразгледува мировниот договор со Израел склучен во 1994 година, одлучи денеска јорданскиот Парламент. Одлуката следува како одговор на признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД.
Парламентарната Правна комисија ќе треба да ги преразгледа сите договори потпишани меѓу Јордан и Израел, вклучително и мировниот.
До израелско-арапската Шестдневна војна во 1967 година Источен Еруслаим и Западниот Брег беа под контрола на Јордан, каде живеат и голем број лица со палестинско потекло.