„Формирање на владата е тешко прашање, бидејќи во политиката не е лесно да се постигне компромис, рече претседателот ДС, Борис Тадиќ.
„Парламентот има 46 партии. Тешко е да се најде заеднички јазик, бидејќи да се направи компромис во политиката е тешко како и во животот”, изјави Тадиќ.
Лидерот на СНС, Александар Вучиќ, изјави дека ќе направат се што можат за Србија, и дека кој ќе ја формира владата ќе се знае за четири дена.
Вучиќ потврди дека Српската напредна странка има желба да формира влада, и дека секој влада без СНС, ќе биде нелегитимна.