Во текот на следната недела САД, Јапонија и Јужна Кореја ќе одржат заеднички вежби за следење ракети на Корејскиот Полуостров, соопштија јапонските поморски сили.
Вежбите ќе се одржат утре и задутре. Ова се шести вежби по ред за време на кои ќе се споделуваат информации за следењето на балистички ракети.