Нимиц: Владата во Атина е многу искрена по прашањето за спорот со името

Од:

Посредникот во македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц се сретна денеска со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос.

Нимиц рече дека владата во Атина е многу искрена по прашањето за спорот со името и сака да се реши.
„ Се надевам дека и во Скопје ќе има сличен став“, изјави медијаторот.

Медијаторот информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали.

„Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме во ноември во Њујорк. Имам некои размислувања кои ги презентирав тука. Истото ќе го направам и во Скопје и да видиме дали можеме да се доближиме“, рече Нимиц.

Нимиц е оптимист дека можеби двете страни ќе дојдат поблиску, бара да се искористи времето, а не да се чека совршен момент.Во соопштението од грчкото МНР нема детали за тоа какви биле идеите кои ги подготвил Нимиц, ниту што ќе бидат идните чекори во кои тој има намера да го придвижи процесот.

Нимиц рече дека во моментов има конструктивно размислување и оти тоа му дава надеж за решавање на спорот.

Нимиц на кратко се сретнал и со грчкиот премиер Андонис Самарас, иако претходно оваа средба не беше најавена.

Би можело да ве интересира

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он