Премиерот на Ирак Хајдер ал Абади денеска прогласи крај на војната против Исламска држава во Ирак.
– Нашите сили имаат целосна контрола над ирачко-сириската граница и затоа прогласувам крај на војната против ИД, изјави Абади во обраќање на конференција организирана од синдикатот на ирачките новинари.
Тој напомена дека непријателот сакал да ја уништи ирачката цивилизација, но не успеал во тоа.
– Ние победивме благодрејќи на нашето единство и решителност. Ги победивме за кусо време, порача Абади.
Исламска држава контролираше една третина од територијата на Ирак во 2014 година и се доближија речиси до предградијата на Багдад. Во тие моменти беше доведено во прашање опстојувањето на самата држава.
Заедно со шиитските паравоени формации, силите на ирачките Курди и локалните синитски племенски борци, со поддршка на меѓународната антиџихадистичка коалиција, ирачка армија започна офансива против ИД, со која што до средината на летото ги потиснаа екстремистите од речиси сите населени места во земјата.