Само неколку дена откако гигантски заем од 100 милијарди долари и беше доделен на Шпанија за спасување на проблематичните банки, се огласи уште една членка на еврозоната – Кипар.
Кипарскиот министер за финансии, Vasos Siar, кажа дека “исклучително итно” Кипар има потребата од кредит за докапитализација на сопствените банки.
Ова значи дека Кипар би можел наскоро да стане петтата членка на еврозоната, што бара “спас” во банкарскиот сектор , зад Ирска, Португалија, Грција и Шпанија. Неколку официјални претставници на ЕУ заклучиле дека, барем во споредба со Шпанија, финансискиот пакет не би бил толку голем, туку само од 3 до 4 милијарди евра. За споредба, економијата на Кипар, островот со 800.000 жители, е само 1/16 од шпанската економија.
И покрај тоа што износот не е ни приближно голем како во случајот на Шпанија, многу се согласуваат дека оваа вест е уште едно предупредување да се вклучи алармот дека “заразата” се шири во еврозоната. Следниот кандидат на листата би можела да биде Италија.