Денеска ќе се одржат три последователни седници на собраниската Законодавно-правна комисија каде што на една од нив на дневен ред е предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година.
Освен тоа, Законодавно-правната комисија ќе расправа и за предлог-законите за извршување на Буџетот, за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата, по скратена постапка, поднесен од група пратеници и Сатутот на универзитетот „Мајка Тераза“ во Скопје, сите во второ читање.
Претходно заврши расправата за предлог-буџетот за 2018 во матичната Комисија за финансирање и буџет, каде што од поднесените 279 амандмани беа прифатени шест.
Комисијата ги прифати амандманите за субвенции за печки на пелети, за ТИРЗ во Куманово, за изградба на колекторски систем во Неготино, за решавање на проблемот со депонијата во Струга и за изградба на детски парк во скопско Нерези.
Откако ќе заврши расправата во комисиите, предлог-буџетот се враќа на разгледување во Владата по што ќе биде ставен на пленарна собраниска седница каде што по него ќе се расправа пет работни дена.