Навивачите на Сити ги вратија картите за натпреварот со Арсенал

Од:

Навивачите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити вратија половина од картите за гостувањето во Лондон кај Арсенал, бидејќи не сакаат да ги платат по 62 фунти и плус 30 фунти за превоз.

– Ова е највисока цена на карти што воопшто некогаш сум ја видел и тоа за натпревар што ќе го има на телевизија во недела попладне. Дури и да немаше пренос, лудо е да се наплаќаат 62 фунти. Ова само докажува дека фудбалот се повеќе ја губи врската со реалноста. Ако се соберат сите трошоци пат храна пијалок ќе добиете неверојатни 120 фунти трошоци за само еден натпревар, тоа луѓето не можат и не сакаат да го платат, изјави Кевин Паркер секретар на навивачите на англискиот шампион.

Натпреварот Арсенал – Манчестер Сити ќе се одигра в недела во Лондон со почеток од 17 часот и тој ќе биде во рамките на 22.коло од Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони