Шпанија и Бразил имаат најсилни лиги

Од:

Според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) кој објави годишната листа на најдобри фудбалски лиги, лидер во светот во 2012 година била шпанската Примера Дивизија.

Втората најсилна светска фудбалска лига изминатата година се играла во Бразил, на третото место изби германската Бундес лига, четврта е италијанската Серија А. Пад од две места има англиската Премиер лига која 2012 година ја завршува на петтата позиција.
Во првата десетка, од шестото до десеттото место се наоѓаат: Аргентина, Франција, Холандија, Паргавај и Чиле.

Македонската Прва фудбалска лига се наоѓа на 64. место.

ИФФХС денеска објави листа и на најдобри тренери за 2012 година. Предводникот на Реал Мадрид, португалскиот стручњак Жозе Мурињо е прогласен за тренер на годината, а по него следуваат: Роберто Ди Матео, Диего Симеоне, Пеп Гвардиола, Леонардо Бјанки, Аденор Тите, Јуп Хајнкенс, Алекс Фергусон, Јирген Клоп, Марсело Биелса и Роберто Манчини.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони