Демократската унионистичка партија (ДУП) во Северна Ирска е задоволна од договорот постигнат помеѓу Лондон и Брисел за границата со Република Ирска.
Лидерката на таа партија, Арлин Фостер изјави дека договорот објавен утрово јасно гарантира дека Обединетото Кралство ја напушта Европската Унија.
Партијата, на чија поддршка сметаше Владата на Тереза Меј во Парламентот, минатата недела ги блокираше преговорите за границата, со кои беше допговорено Северна Ирска да биде третирана како посебен случај. Таа тогаш истакна дека тоа го поткопува местото на Северна Ирска во Обединетото Кралство.