Во земјите на Европската унија дури 22 милиони деца имаат проблем со прекумерна телесна тежина, а тој број секоја година се зголемува за 400.000.
Кај децата и младите со вишок килограми постои и поголема опасност дека на поголема возраст ќе имаат посериозни здравствени проблеми како зголемен крвен притисок, дијабетис, срцеви болести и болести на крвниот систем, па дури и некои видови на рак.
Покрај сериозното влијание на здравјето, дебелината посебно влијае на психичкиот развој, на потсмев на врсниците поради дебелината, критиките на родителите и други возрасни лица, како и незадоволството од сопствениот изглед, имаат големо влијание на детското чувство за самопочитување, а чувството на помала вредност може да води во депресија, асоцијално однесување и пореметување во исхраната.
Причините за дебелина се бројни – богата понуда на брза храна, премногу време поминато пред телевизор и компјутер, премалку физичка активност, генетско наследство… Покрај тоа голем број на родители некритички се однесуваат кон прекумерната тежина на своите деца, сметајќи ги само за полнички.
Една од неопходните промени е времето поминато пред компјутер и телевизор, некои деца се залепени за екранот и по 12 часа дневно, а тоа време треба да биде лимитирано на најмногу 2 часа и тоа не пред 17 часот.
Типичната програма за слабеење и усвојување на здрави навики подразбира дека за појадок нема мусли или овошни јогурти, наместо тоа јадат овесна каша, црн леб, месо и риба. За ручек нема брза храна ниту бел леб, се јаде црн леб, месо, риба и зеленчук.
Порциите се ставаат во чинија во кујна, за ручек половина чинија треба да биде со зеленчук, четвртина со жолт ориз, тестенини или компир, а четвртина со немасна риба или месо. Пред земање на евентуална втора порција треба да се почека 20 минути, на телото да му се овозможи чувство на ситост.
Дневно можат да се изедат две парчиња овошје, брза храна е дозволена само еднаш месечно, а колаче еднаш неделно, исто така и некои грицки. Сокови, ладен чај, какао, сода или лимонада исто така треба да се лимитираат еднаш неделно, вкупно е дозволено најмногу половина литар.
До училиште треба да се оди пешки или со велосипед, детето да се занимава со физичка активност како танц, ракомет или гимнастика, исто и со слободни активности како пешачење или возење велосипед, шетање со куче и слично.