Вип оператор, како официјален партнер на Македонската ракометна федерација и верен пријател на спортот, продолжува со поддршката и бодрењето на машката ракометна репрезентација која ќе се натпреварува на дваесет и третото Светско првенство во ракомет, што ќе се одржи во Шпанија од 11-ти до 27.01.2013 г.
– Ова е шеста година по ред во која Вип оператор, преку партнерство со Ракометната федерација, обезбедува поддршка за македонскиот репрезентативен ракомет. Горди сме што сме заедно со нашите ракометари и во нивниот најнов спортски поход кон врвот на светскиот ракомет. Со голема верба во нивните квалитети и борбеност, ветуваме дека ние, заедно со целата македонска јавност, сите во еден глас, ќе навиваме за нив, за Македонија, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип.
Во насока на обезбедување на што поголема поддршка од страна на сите љубители на ракометот во Македонија и креирање на вистинска навивачка еуфорија, Вип оператор, преку социјалната мрежа Facebook, организира награден квиз на кој ќе бидат доделени 120 навивачки дресови. Дополнителни 30 дресови ќе бидат доделени за точно одговорените наградни прашања на емисии на популарни македонски радио канали.
Македонската ракометна селекција ги започнува натпреварите во рамките на групата Б и тоа на 12-ти јануари против селекцијата на Чиле, по што следуваат натпреварите против Катар на 13.01, со селекцијата на Исланд на 15-ти јануари, против Русија еден ден подоцна и против репрезентација на Данска со која играме на 18-ти јануари.