Украден накит вреден 5.000 евра

Од:

Непознати сторители во периодот помеѓу 7-ми и 8-ми јануари провалиле во куќата на Д.М. (60) во долнореканското село Присојница и украле неколку дестина парчиња златен и сребрен накит.

Според СВР Тетово, провалниците во куќата влегле со насилно отворање на прозорецот во бањата, по што ги пребарале сите простории во приземјето и на катот.

Од куќата тие заминале со плен кој се состоел од четириесетина парчиња разновиден златен и сребрен накит и еден женски рачен часовник. Вредноста, според сопственикот на куќата, се проценува на околу 300 илјади денари.

Увидна екипа на Полициската станица Гостивар излегла на терен, подигнати се траги за вештачење и се превземаат активности за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи