Јаневски: Заслуживме три бода

Од:

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, по завршувањето на натпреварот со Розенборг на прес-конференција истакна дека тимот заслужи победа и дека по се што се случуваше на теренот не е задоволен со еден бод.

– Во првото полувреме доминиравме, создадовме шанси и бевме надмоќни. За жал, таа надмоќ и тие шанси после 90. минути не донесоа три бода. Во вториот дел морам да признам дека паднавме малку, што е нормално, затоа што не може да се одигра во исто темпо цел натпревар. Заслуживме три бода, но фудбалот е таков и сакам уште еднаш да упатам честитки до оваа генерација на Вардар која направи историја со пласманот во Лигата на Европа, рече Јаневски.

Севкупно гледано, тој очекувал повеќе бодови и, како што рече, со само еден бод Вардар не може да бидеме задоволен.

– Игравме по три натпревари во неделата и сите овие мечеви бараат многу повеќе. Бевме принудени многу да ротираме, и знаевме дека на некои натпревари ќе губевме во организацискиот дел, и се виде дека после европските натпревари, во домашното првенство губевме бодови. Сметам дека Вардар треба да излегува почесто во групни фази, и тоа е добро за клубот, за фудбалерите, за стручниот штаб, за публиката и воопшто за Македонија, нагласи предводникот на „црвено-црните“.

Вардар одигра 1:1 со Розенборг во последното (6. коло) од фудбалската Лига Европа и со тој освоен бод го заврши своето прво учество во групната фаза.

Би можело да ве интересира

Вардар повторно има нов тренер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он