На маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена, Дачиќ разговарал со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон при што му кажал дека промените во надворешната политика на САД не може да бидат донесени од претставнци на стариот американски естаблишмент кој ја брани политиката од 1990 година.
Дачиќ истакнал дека е потребно да се направат одредени стратешки договори и дека Србија е подготвена да разговара со новата американска администрација.
„Му свртев внимание, дека измените во американската политика треба да ги донесат само претседателот, потпреседателот и министерот за надворешни работи на САД, бидејќи преставниците на стариот естаблишмент неможат тоа да го направат бидејќи ја бранат својата политика од 1990 година“, се наведува во соопштението на српското МНР.
Дачиќ ја истакнал позицијата на Србија дека се подготвени да најдат заеднички интереси со САД и најави дека на почетокот на следната година ќе оствари билатерална средба со Тилерсон.
На маргините на министерскиот совет на ОБСЕ во Виена, Ивица Дачиќ имал средба и со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, кој ја потврдил неговата посета на Србија на 24 февруари следната година.