Амбасдата на Канада во Израел ќе остане во Тел Авив, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. Со тоа тој изрази несогласување со одлуката на Доналд Трамп кој вчера објави дека американската амбасада ќе се сели во Ерусалим.
– Нема да ја преместиме нашата амабада од Тел Авив, изјави Трудо пред канадските новинари за време на официјалната посета на Кина и ја потврди позицијата на Канада за формирање палестинска држава која ќе постои заедно со Израел.
– Прашањето за статусот на Ерусалим може да биде решено само во рамки на заедничко уредување на израелско-палестинскиот конфликт, изјави денеска и канадската министерка за надворешни работи Кристија Фриланд.