Османи: Добредојдени се поддршката и инвестициите од Кина

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со Амбасадорот на Народна Република Кина, Јин Лисјен.

Средбата се фокусираше на билатералната соработка помеѓу Република Македонија и НР Кина како и на тековни и планирани проекти кои што се реализираат со поддршка од НР Кина. Севкупните билатерални односи и соработката меѓу двете пријателски земји од страна на соговорниците беа оценети дека бележат нагорен тренд на развој.

Во рамки на средбата соговорниците разговараа и за проектната соработка со НР Кина која се реализира во рамки на договорите за економска и техничка соработка потпишани од 2007 година, кои, оттогаш наваму, се потпишуваат најчесто на годишно ниво, а се однесуваат на областите образование, здравство и комуникации, т.е. мрежно поврзување на државни институции.

Соговорниците констатираа дека до крајот на годината се очекува да се потпише уште еден ваков Договор за економска и техничка соработка за обезбедување помош помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина, со кој би се обезбедиле 20 милиони кинески јуани, односно околу 2.5 милиони евра и истите би биле наменети за финансирање на проекти за реновирање на училишта, но и други проекти кои би биле утврдени како приоритетни од Владата на Република Македонија.

Османи изрази огромна благодарност за севкупната финансиска помош која НР. Кина и ја дава на наша земја како насока на финансирање на инфраструктурни проекти, така и во насока на финансирање на проекти во областите кои се од витално значење за Република Македонија. Османи додаде дека и во иднина очекува засилување на оваа соработка, потенцирајќи дека финансиската помош, но и инвестициите кои доаѓаат од НР Кина се добредојдени во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Пред најавената воена вежба на Русија, Кина и Иран, предупредување од САД да не се приближуваат до американските бродови

Стармер: Лондон цврсто го поддржува принципот „една Кина“

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Телеграф открива: Со години Кинезите ја прислушувале британската влада

Врховниот кинески генерал е уапсен под сомнение за оддавање тајни