Самарас се појави на средбата со Нимиц и Аврамопулос

Од:

Во Атина претпладнево, половина час пред најавеното, почна средбата на медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, јави дописнокот на МИА.

Според официјалната агенда за посетата на Нимиц, беше предвидено медијаторот да се сретне само со Аврамопулос, а не и со Самарас.

Грчките медиуми пред средбата излегоа со нови шпекулации. Повикувајќи се на дипломатски извори „Та Неа“ пишува дека Нимиц нема да поднесе предлог кој драматично ќе се разликува од идеите кои досега биле предложени.

„То Вима“ тврди дека ќе се разговара за идеите кои им биле предложени на претставниците на двете страни на последната средба во Њујорк во ноември минатата година. Весникот потсетува дека последните три предлози за решавање на името биле „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“ и „Република Горна Македонија“ за кои Скопје изразило остри забелешки поради поставувањето на географската одредница пред зборот „Македонија“.

Од друга страна Грција не прифаќа географската одредница да стои пред зборот „Република“.

Потсетувајќи дека Грција не прифаќа име кое нема да содржи географска одредница, „Катимерини“ пишува дека Нимиц е охрабрен од одлуката на Европскиот совет дека прашањето за името треба да се реши пред Скопје да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната