Државниот завод за статистика денеска објави дека стапката на раст на БДП за третото тримесечје од годинава е 0,2 отсто.
Најголем пораст од 9,8 отсто во третиот квартал има во секторите Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Во земјоделството, шумарството и рибарство има раст од 3,8 отсто, додека во дејностите со недвижен имот од 0.9 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од годинава номинално расте за пет проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65,5 проценти.
Во истиот период, според ДЗС, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,8 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5 проценти.