Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска во Виена изјави дека санкциите кон Русија ќе останат во сила се додека нејзините воени сили не се повлечат од Крим.
Во обраќање на заседание на Советот на министри на ОБСЕ, Тилерсон остро ја критикуваше улогата на Русија во украинскиот конфликт и порача дека САД никогаш нема да ја прифатат „окупацијата и обидот за анексија на Крим“.