Палестинската исламистичка група Хамас повика на ново востание – Интифада против Израел, откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за израелски главен град.
– Треба да упатиме повик и да работиме на започнување Унтифада против ционистичкиот непријател, изјави во Газа лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, кој одлуката на Трамп ја нарече „објава на војна“.
Според него, таа одлука ставила крај на мировните договори од Осло и „го погребала мировниот процес на Блискиот Исток“.