Нема механизам во европските институции за промената на Шенген зоната и за времена суспензија на безвизниот режим.
„Ако дојде до враќање на визниот режим тоа би било големо враќање назад за сите. Безвизниот режим и слободното движење на граѓаните е основно човеково право и се надевам дека тоа нема да биде ставено во прашање, ниту во ЕУ ниту за земјите кои сега се на патот кон ЕУ“, рече словенечката европратеничка Тања Фајон.
Според Фајон европските институции се уште не постигнале договор за промена на механизмите на Шенген зоната.
Ова значи дека граѓаните од Македонија и другите земји од Западен Балкан, се надвор од опасност за укинување на безвизниот режим но барем засега.