Четири сообраќајки во Скопје

Од:

Четири лица биле полесно повредени во четири од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајни несреќи била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло и седум возачи за неправилно престројување.

Од сообраќај биле исклучени седум возачи, сите поради тоа што возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Од сообраќај биле исклучени седум возила, шест со истечена важност на сообраќајната дозвола и едно технички неисправно возило. Санкционирани биле и 23 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 99 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 79 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од основни училишта во селата Мршевци и Рекија во општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ