Новоименуваниот британски министер за одбрана Гевин Вилијамсон изјави дека најдобро решение за државјаните на Велика Британија, кои се борат во редовите на групата Исламска држава (ИД) е да бидат убиени на фронтот во Сирија и Ирак.
– Мртов терорист не може да и наштети на Британија. Ние треба да направиме се што е можно да ја уништиме заканата по нашата земја, изјави Вилијамсон во интервју за „Дејли Мејл“.