НАТО треба да учествува во воената операција против исламистите во Мали, изјави денеска претседателот на Африканската унија и претседател на Бенин, Бони Јаји.
Во ноември минатата година Економската заедница на земјите од Западна Африка донесе одлука за испраќање во Мали на 3.300 војници за борба против исламистичките групи, кои го контролираат северниот дел на Мали.
– НАТО треба да ја одигра својата улога во Мали, истакна Јаји.
Преговорите меѓу владата на Мали и исламистите, закажани за утре во главниот град Буркина Фасо, се одложени. – Страните побараа дополнително време за подготовка, изјави министерот за надворешни работи Џибрил Басоле. Првиот круг од преговорите се одржа на 4 декември.