Операциите на источниот и западниот брег на Еуфрат завршиле со целосно уништување на терористите, изјави рускиот претседател Владимир Путин објавувајќи ја постигнатата целосна победа на Исламска држава во овој регион.
– Секако, на одделни места може да има одредени групи кои пружаат отпор, но генерално, борбените дејствија во таа етапа и на таа територија завршија. завршија, повторувам, со победа и целосно уништување на терористите, истакна шефот на руската држава.
Според него учесниците во решавањето на ситуацијата во Сирија треба заедно да преминат на следната етапа.
– Сега треба да се преземат првите чекори: да се зацврсти досега постигнатото и областите на деескалација, да се стави крај на крвопролевањето на сириската територија и да се премине кон процес на мирно политичко решавање на ситуацијата, истакна Путин.