Претседателот на Србија Томислав Николиќ истакна дека од своите соговорници во Брисел добил уверување дека Европската унија никогаш нема да бара Србија да го признае Косово.
„Ми беше јасно кажано дека ЕУ никогаш нема да бара од Србија да го признае Косово и јас им верувам“, изјави Николиќ на заедничката конференција со Баросо во Брисел.
„ЕУ бара да живееме безбедно и богато и не гледам што е тука спорно“, рече Николиќ и вети дека ќе се обиде Србите и Албанците да живеат подобро отколку досега.
Претседателот на Србија информираше и дека од соговорниците ги барал и ги добил деталите во врска со досега постигантите договори со приштина и нагласи дека до сега таму не видел ништо што е во спротивност со Уставот и српските интереси.