Расел Вестбрук на уште еден натпревар ја предводеше Оклахома до триумф во НБА лигата.
Ноќеска Оклахома Сити Тандер ја победи Јута Џез со 100:94, најмногу по заслуга на Вестрбук кој средбата ја заврши со троен ефект – 34 поени, 14 асистенции и 13 скокови.
Во гостинската екипа се истакна Донован Мичел со 31 поен.
За Јута ова беше прв пораз по серија од победничката низа која траеше шест натпревари.