Премиерот Заев од вечерва во работна посета на Софија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од вечерва, по завршување на посетата на Брисел, ја почнува работната посета на Софија за Меѓународната конференција на тема Wolrld Bank – Bulgarija: Celebrating 25+ years of partnership „Пoсилна регионална интеграција на Балканот“.

Премиерот Заев ќе биде придружуван од владина делегација во состав Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата, задолжен за економски прашања, Драган Тевдовски, министер за финансии и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Вечерва, премиерот Заев ќе присуствува на вечерата, што ја организира премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, во чест на премиерите од Западен Балкан, дојдени во Софија.

Меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“ е утре и на неа е предвидено да се разговара за гранични олеснувања во регионот, со цел гранични олеснувања и на трговијата, како и за регионални ИТ и технолошки кластери, со цел отворање перспективи за приватниот сектор.

На маргините на Конференцијата, денеска, дел од владината делегација во Софија ќе се сретне со претставници на Светска банка на највисоко ниво.

Би можело да ве интересира

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски