Вечното дерби со хуманитарен карактер

Од:

Осмото коло во машката сениорска конкуренција од домашното првенство го носи вечното градско дерби меѓу двете најтрофејни екипи – Работнички, клуб кој се уште го носи епитетот најтрофеен и МЗТ Скопје Аеродром кој доминира шест сезони по ред.

Натпреварот ќе биде одигран денес, со почеток во 17 часот и 45 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и ќе има хуманитарен карактер.

Сите собрани средства од продадените билети за денешниот натпревар, кои чинат сто денари, ќе бидат донирани за животната борба на Стеван Гешоски.

– Време е за дерби, време е да бидеме хумани! – е апелот од двете екипи кои ги повикуваат љубителите на кошарка во што поголем број да дојдат на натпреварот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ