Управата за јавни приходи денеска ќе го промовира проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за даночни обврзници – физички лица. Проектот се имплементираше во изминатата година и е финансиран од ЕУ во вредност од 98.530 евра.
Од УЈП сметаат дека проектот ќе овозможи поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и за граѓаните.
Фокусот на проектот е намалување на административниот товар и трошоците за пресметка и плаќање на даноците, зголемување на даночната ефикасност и следењето на наплатата на персоналниот данок на доход.