(ВИДЕО) Мицковски: Хунтата на Заев денес притвори шест народни избраници, пет отсто од собранискиот состав е во притвор

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски вечерва на прес-конференција изјави дека ова е уште еден црн ден за демократијата во Македонија, откако, како што кажа, хунтата под водство на Заев продолжила со притворање на сите кои не размислуваат и кои не се плашат гласно да се спротивстават на политиките на СДС.

– Денешниот ден ќе биде запишан во историјата како ден во кој што хунтата на Зоран Заев притвори шест народни избраници. Пет проценти од собранискиот состав е во притвор. Ова не е демократија. Ова е тиранија. Денеска беа притворени пратениците Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. На дел од нив им е изречен домашен притвор, а на дел ефективен и уште вечерва се префрлени во истражен затвор. Народни избраници се испраќаат во притвор, а осудени убијци и терористи се ослободуваат. Судот, под притисок на хунтата на лица кои убија пет момчиња и треба да одговараат за тероризам им изрекува мерка да се јавувале два пати во неделата, а нивни познаници се уште се во бегство, рече Мицковски.

Тој додаде дека таква била правдата во Македонија под контрола на Заев и дека со ваквиот начин на делување се обидувале да се закопаат сите можности за нормално функционирање на Собранието и институции кои би требало да ја контролираат извршната власт.

– Хуната на Заев ги закопува сите можности за дијалог и си обезбедува неконтролирана моќ. Ова е само уште едно камче во мозаикот на неправдата кои почна да го креира хунтата на власт. Почнаа со измислени обвиненија и ги прогласија за терористи Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и други патриоти и уметници само затоа што гласно говореле и се спротивставувале на хунтата на Зоран Заев. Завршија со притворање на пратеници кои треба да бидат гласот на народот во Собранието и да ја контролираат извршната власт. Монтираниот прогон против 36-мина недолжни граѓани, пратеници, актери, уметници, архитекти и полициски службеници со најтешкото дело тероризам има за цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата, вели Мицковски.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон.

– Бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека овој реваншизам и тенденциозен атак не престане, рече Мицковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

Левица: Мицкоски го штити Коцевски – Коцевски ги штити вмровските функционери од одговорност за Кочани

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски