Владата соопшти дека ќе се врши реконструкција на железничката пруга Куманово – Бељаковци од железничкиот коридор 8.
ЈП Македонски железници добија задолжение веднаш да пристапат кон формирање единица за реализација на проектот и акциски план во кој ќе бидат наведени сите активности за надминување на проблемите со утврдена динамика и временски рок.