До крајот на неделава повторно ќе се сретнат претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и британската премиерка Тереза Меј во Брисел.
Во текот на вчерашниот ден тие разговараа во седиштето на ЕК, а по средабата изразија потреба од дополнително време за постигнување на излез во преговорите.
Јункер смета дека вчерашниот состанок бил добар и конструктивен и верува дека ќе се справат со предизвиците.
Британската страна инсистира следната недела Европскиот совет да дозволи почеток на вториот дел од преговорите – за идните односи со ЕУ. За да го даде тоа овластување, Европскиот совет мора прво да пријави „доволен напредок” во преговорите досега поврзани со правата на граѓаните, британските обврски кон буџетот на ЕУ и границата со Ирска. Засега проценката на ЕУ е дека нема доволно напредок.