Експедицијата со македоснките ракометни репрезентативци од Скопје преку Софија – Рим ќе отпатува за Шпанија утре.
Првиот натпревар го играме со селекцијата на Чиле на 12-ти.
Втор противник на нашите репрезентативци е Катар, потоа следува дуелот со традиционалниот противник Исланд, па Русија и на крајот е должникот од последното европско првенство Данска.
Токму Русија е фаворит број еден во групата според нашиот капитен Кирил Лазаров.
„Русија е главен фаворит според мене, бидејќи подолго ги нема на едно Европско или Светско првенство, го сменија стручниот штаб, натурализираа двајца многу добри ракометари. 90% од репрезентацијата играат во Чеховски Медведи, уиграни се, се познаваат добро. Голем респект кон сите други селекции но Русија е според мене главен фаворит“, рече капитенот.