Премиерот на Либан ја повлече оставката

Од:

Либанскиот премиер Саад Харири денеска официјално ја повлече оставката, по постигнатиот договор со неговите политички противници.

Веста ја соопшти Харири, во кусо телевизиско обраќање, објавено по крајот на првата седница на Владата откако Либан влезе во политичка криза по ненадејната оставка на Харири на 4 ноември.

На седницата беше одобрена изјава, со која се повикуваат спротивставените либански групи да се дистанцираат од регионалните конфликти и внатрешните работи на арапските држави.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот