Лидерот на евроскептичката Британска партија на независноста (БПН) Нејџел Фараџ изјави дека е „неодговорно и погрешно“ да се отворат границите на Велика Британија за Бугарија и Романија, пренесе Би-Би-Си.
Фараџ во настап на овој британски медиум изјави дека не треба да биде споредуван со премиерот Дејвид Камерон и лидерот на Лабуристичката партија Ед Милибанд, и дека за разлика од нив „ тој бил на работа цели 20 години“.
Фараџ изјави дека неговата партија е против проектот за високобрза железничка линија Ејч Ес 2 и дека е „неодговорно и погрешно“ следната година да се отворат границите на Велика Британија за Бугарија и за Романија.
Пратеничката на Конзервативната партија Черил Гилан, која исто така беше гостинка во емисијата на Би-Би-Си, изјави дека сериоозно ја сфаќа БПН, но го обвини нејзиниот лидер за евтин популизам за време на дебатата, во која учествуваа уште лабуристката Теса Џоуел и либералниот демократ сер Мензис Кембел.