Ниту на денешната средба во Брисел помеѓу британската премиерка Тереза Меј и челниците на ЕУ, не беше постигнат договор за разговорите за напуштање на Велика Британија од ЕУ, објави Фајненшл тајмс.
Жан-Клод Јункер изјави дека и покрај напорите не било возможно да се постигне целосен договор, но дека тоа не го смета за неуспех, туку само за почеток на следната рунда.
– И покрај големите напори и напредокот постигнат во изминатите денови, има потреба од дополнителни преговори. Денес ги приближивме нашите позиции, а подготвени сме да ги продолжиме преговорите подоцна неделава. Тереза Меј е тежок соговорник, таа енергично ја штити позицијата на Британија, а и јас го правам истото во име на ЕУ, изјави Јункер.
Според британската премиерка бил постигнат значителен напредок, но сепак некои разлики останале.