Координаторот на Европскиот парламент за Брегизт, Ги Верхофстат денеска изјави дека се уште не е постигнат конечен договор за условите за „разводот“ помеѓу Велика Британија и ЕУ.
Тој смета дека шансите за постигнување договор при денешната посета на британската премиерка Тереза Меј во Брисел се 50-50. Како што кажа Верхофстат, Европскиот парламент се уште бара од Лондон поголеми гаранции за правата на ЕУ граѓаните во Обединетото Кралство.
Денешната средба на Меј со челниците на ЕУ е последна шанса за да се види дали може да се премине во втората фаза од преговорите, односно да се разговара за идните односи помеѓу Лондон и Брисел.