Арапска лига: Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел ќе ги поттикне фанатизмот и насилството

Од:

Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит изјави дека доколку САД го признае Ерусалим за главен град на Израел, тоа ќе биде поттик за фанатизмот и насилството и дека нема да биде во интерес на мировниот процес меѓу Израел и Палестина.

– Очајно е што некои настојуваат на реализирањето на тој чекор, без да се земат предвид опасностите кои тој ги претставува за стабилноста на Блискиот Исток и целиот свет, изјави во Каиро генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит.

Предупредување до Трамп стигна и од Јордан.

– Таквата одлука ќе предизвика гнев меѓу Арапите и муслиманите, ќе ја зголеми затегнатоста и ќе ги упропасти напорите за постигнување мир, напиша на Твитер јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади.

Џаред Кушнер, зетот на Трамп вчера кажа дека американскиот претседател се уште нема донесено одлука за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

– Претседателот на САД и натаму ги разгледува големиот број факти пред да ја објави својата одлука за ова прашање, што најверојатно ќе се случи следната недела, изјави Кушнер на Годишната конференција за американската политика кон Блискиот Исток, што се одржа во Вашингтон во организација на Институтот „Брукингс“.

Би можело да ве интересира

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски