Американката Микаела Шифрин ја забележа првата победа во брзинските дисциплини и вкупно 33. во Светскиот куп во алпско скијање.
Таа синоќа беше најбрза на спустот во Лејк Луиз, Канада со време 1:27.55 минути.
Викторија Ребензбург од Германија го освои второто место со 13 стотинки заостанување, додека Мишел Гисин од Швајцарија беше трета со 17 стоти делови од секундата побавно време зад победничката.
Шифрин која е актуелна победничка во Светскиот куп, во брзинските дисциплини почна да се натпреварува минатата година и по само една сезона се искачи на тронот. Во петокот таа исто така во спуст беше на подиумот, како третопласирана.
Во Генералниот пласман Шифрин води со 465 бода, пред Ребензбург со 316.
На табелата во спуст Американката има 160 бода десет повеќе од Австријката Корнелија Хитер.