Поранешниот египетски премиер Ахмед Шафик, кој минатата недела најави дека ќе се кандидира на следните претседателски избори во Египет, е уапсен во својот дом во Обединетите Арапски Емирати и веднаш е депортиран во Египет, соопшти денеска неговото семејство.
Шафик се смета за најсилен потенцијален противкандидат на актуелниот египетски претседател Абдел Фатах ел Сиси, кој, како што се очекува, ќе се кандидира за втор мандат на претседателските избори кои ќе се одржат во април следната година.