Македонскиот натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев влезе во финалето во кати поединечно на Обединетиот Светски шампионат за сениори во Италија.
Во кати настапија вкупно 54 ката натпреварувачи, поделени во три групи.
Покрај Недев во финалето влегоа: Рома Мизутани од Јапонија, Алан Аранто Оливер од Бразил и Октавиан Лирук од Романија.
Завршницата ќе биде до крај неизвесна затоа што Мизутани од Јапонија има минимално водство пред останатите тројца натпреварувачи кои пак имаат ист број на оценки од полуфиналето.
Во тек се елиминациите за сите возрасни категории а сите финалиња се закажани за утре.