Заседанието меѓу Николиќ и Владата е одложено за утре

Од:

Планираното за денеска заседание меѓу српската Влада и претседателот Томислав Николиќ за разгледување на државанат платформа за Косово и прифаќање на предлог-резолуцијата, која треба да се стави на гласање во Парламентот, е одложено за утре.

На средбата Владата треба да прифати два текста – предлог резолуција, која е обврзувачки документ и трба да се гласа во Парламентот и платформа за Косово.

Според информацијата на Танјуг, членовите на српската Влада синоќа го добиле текстот на предлог-резолуцијата, подготвена од кабинетот на претседателот. Текстот се уште е во процес на преработка. Спорно е дали конечниот текст на резолуцијата да се повикува на платформата за Косово или да се избегне формалното спомнување на овој документ.

Предлог-резолуцијата е составена од пет точки, од кои едната гласи дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Во останатите точки се наведува дека дијалогот со Приштина ќе продолжи и секој чекор напред во овој дијалог треба да биде спроведен со напредокот на Србија во евроинтегративниот процес. Треба да се определи статусот на Северно Косово, каде живеат главно Срби и да се обезбедат специјални гаранции за личните и колективни права на косовските Срби јужно од реката Ибар.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад