Започна големата акција за расчистување на Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода во соработка со Град Скопје и градските јавни претпријатија денес започна со акцијата за расчистување на дивите депонии на цела територија на локалната самоуправа.

Со оваа акција опфатено е расчситување на дивите депонии на оние места на кои и покрај постојаните апели на Општината, постојано се создаваат од страна на несовесни граѓани.

Во оваа акција локалната самоуправа вклучи 20 сезонски работници. Во истата вклучена е и механизација, два камиони од Општината, два скипа и два камиони од Град Скопје.

Покрај ова, во понеделник ќе се врши и кастрење на гранките на дрвјата, ќе се собираат и паднатите лисја од истите, а ќе се расчситуваат и улиците.

Оваа акција ќе се спроведе во сите урбани заедници и во неа ќе бидат вклучени 60 сезонски работници од Општина Кисела Вода, а од страна на Град Скопје ќе бидат привремено ангажирани 300 невработени лица.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ