Австријката Корнелија Хитер е победничка на спустот од Светскиот куп возен синоќа по средноевропско време во канадскиот скијачки центар Лејк Луиз.
Времето на победничката е 1:48.53 минути. За Хитер ова е втора победа во нејзината кариера.
На второто место се пласира Тина Вајрајтер од Лихтенштајн која заостана девет стотинки, а на победничкиот подиум се искачи и трето пласираната Микела Шифрин (САД).
Трката ја одбележа и излетувањето на поранешната освојувачка на кристалниот глобус Линдзи Вон која заврши во заштитните огради, иако на контролата на петнаесетина секунди пред крајот на трката имаше најдобро време.